top of page

ТИМОТ

_MG_1224.jpg
ПРИКАЗНАТА ЗА HONEYBADGER
_MG_1550.jpg

  Ние сме целосно македонски бренд за активна облека и опрема за подобрување на физичката подготвеност кој своите почетоци ги бележи од 2018 година кога одлучивме да започнеме со проект наречен Honey Badger по истоименото животно кое е синоним за бестрашност, смелост, храброст, издржливост и пожртвуваност. 

  Оттука е јасна и нашата мисија која за нас претставува императив: Нашите производи да изградат силни луѓе кои никогаш не се откажуваат во животот и спортот. Еден од фундаментите при основање на брендот беше и останува целото производство на брендот Honey Badger да биде македонско, а со тоа секој купувач на производите директно да влијае кон повисока цел за подобрување на економската состојба на држвата. Honey Badger секогаш ќе биде насочен кон активниот начин на живот, спортот и физичкото здравје.

  Идејата произлезе од секојдневните предизвици со кои се соочувавме со нашите работни обврски кои вклучуваа многу напор и пот. Нашите физички активности некогаш беа од 16 до 30 часови без можност да се пресоблечеш. Тука ни дојде идејата дека на физички активните луѓе навистина им е важно секогаш да имаат по повеќе парчиња чиста облека за спортување и активности која брзо ќе се суши и ќе биде изработена од материјал кој не ја задржува влагата на телото. Тоа беше доволно за да почнеме со акција и да создадеме еден бренд кој преминува во цело движење кое шири здрави навики и здрав дух.

  Нашата визија за брендот Honey Badger е тој да биде лидер на Балканот во иновативност за активна облека и опрема за вежбање, а неговата препознатливост да биде во светски рамки. Нашиот тим го одликуваат луѓе кои знаат дека невозможното не постои, луѓе кои деноноќно работат на зададената мисија и дефинитивно луѓе со фанатична визија кон проектот што е започнат. Ние веруваме дека спортската подготвеност, како и подготвеноста да се одговори на секојдневните животни предизвици е резултат на времето поминато во работа на себе. Honey Badger секогаш ќе биде насочен кон активниот начин на живот, спортот и физичкото здравје.

bottom of page