Специјална лимитирана серија на дуксери кои се издвојуваат на секој начин. Екстремно топол дуксер изработен од dry fit полиестер со висока способност да ја задржува топлината од телото.
Гарантираме дека никогаш додека го носиш овој дуксер нема да почуствуваш студ!
Дали го сакаш чувството кога ќе ја ставиш топлата и широка капуљача и ќе се почуствуваш #hoodie? Кога Honey Badger ќе одлучи да создаде дуксер, тоа значи дека ти имаш шанса да уживаш во неверојатно комоција, топлина и стил. Дуксерот ќе биде произведен по нарачка на секој од Вас, а количините ќе бидат ограничени на 20 парчиња.
Структурата на материјалот е извонредно мека и со сигурност ова ќе биде твојот омилен дуксер оваа зима.
За вистинските љубители на добри дуксери кои покрај комоцијата на гардеробата сакаат да додадат и доза на храброст во изгледот.
Можеби ќе одлучиш и некого да израдуваш со подарок дуксер? Има ли нешто подобро од уникатен подарок?
За многу брзо време очекувај ја објавата од дуксерот на Фејсбук и Инстаграм профилите на Honey Badger
Трчањето е начин за движење на копно што им овозможува на луѓето и другите животни брзо да се движат. Трчањето на планина може да се дефинира со две филозофии: Уживање на човекот во движење низ природна атмосфера или како атлетска потрага по најбрзо можно преоѓање на некоја планинска рута.
Иако трчањето на планина може да се изведува на асфалтни или земјени површини, оваа активност почесто се ужива на воспоставени планински патеки или на нерамен терен каде што такви патеки не постојат. Активностите за трчање по планина обично започнуваат и завршуваат од урбани точки како што се пат, патека, или објект за сместување и не бараат задржување со преноќување во планините. Активностите на планинско трчање можат да бидат организирани натпреварувачки атлетски настани или обични лични активности. Навигацијата, пронаоѓањето на маршрутата, преживувањето и општото чувство за планина се важни вештини за трчање на планини на долги растојанија, особено надвор од организирани и поддржани тркачки настани.
Некои патеки за планинско трчање може да бараат одредени планинарски вештини и планинарска опрема.
Вежбањето дома нуди неверојатен комфор и дискреција, па така можете да вежбате без да се заморувате дали некој одстрана ви суди за вашиот труд, но од друга страна е многу тешко да дојдете до мотивација во домашни услови. Целата атмосфера влијае на вас да останете во пријатната положба на троседот и само да го замислувате вашиот тренинг. Ова им се случило на сите кои некогаш посакале да вежбаат дома сами, па така мотивацијата треба да ја пронајдете само во вас. Со исклучителна решеност да се промените и да започнете, да го направите првиот склек, првите чучнувања, веќе за брзо време ваквиот начин ќе стане ваша здрава навика. Мотивирајте се од нешто својствено само за вашиот карактер, гледајте видеа на Јутјуб, слушајте ја омилената музика или точно најдете ја причината зошто треба да се потрудите и да го направите тренингот дома. Со текот на времето ова ќе стане ваш животен стил и можеби ќе се одлучите да ги префрлите тренинзите во сала или теретана со вашето друштво.
Нашата понуда вклучува неколку справи за вежбање од кои најрподавана е справата High parallettes на која може да се изведуваат повеќе видови на вежби со туркање и влечење на сопствената тежина, па така оваа справа е идеална за оние кои сакаат да вежбаат со сопствена тежина. Справата High parallettes ќе ви овозможи да изведувате основни вежби кои секој би можел да ги изведе, а степенот на интензитет на тренигот секој си го одредува според своите можности.
High parallettes се доста компактни и ги собира речиси во секој автомобил. Идеални се за транспорт кога планирате вашиот тренинг да го изведете на некое излетничко место, природа или пак во двор. Вежбањето со High parallettes секако ќе влијае на зголемување на вашата сила и општиот спортски перформанс.