За нас

Најпрво Ви благодариме за интересот кон брендот

HONEY BADGER е целосно македонски бренд за активна облека и опрема за подобрување на физичката

подготвеност кој своите почетоци ги бележи од 2018 година, кога двајца основачи со милитантна дисциплина,

активен начин на живот и со значително искуство во однсувањето на човековото тело во екстремни ситуации

одлучивме да започнеме со проект наречен

HONEY BADGER по истоименото животно кое е синоним за бестрашност, смелост, храброст, издржливост и пожртвуваност.

Оттука е јасна и нашата мисија која за нас претставува императив: Нашите производи да изградат силни луѓе кои никогаш не се откажуваат во животот и спортот.

Еден од фундаментите при основање на брендот беше и останува целото производство на брендот

HONEY BADGER да биде македонско, а со тоа секој купувач на производите директно да влијае кон повисока цел за подобрување на економската состојба на држвата.

Нашата визија за брендот HONEY BADGER е тој да биде лидер на Балканот во иновативност за активна облека и опрема за вежбање, а неговата препознатливост да биде во светски рамки.

Нашиот тим го одликуваат луѓе кои знаат дека невозможното не постои, луѓе кои деноноќно работат на зададената мисија и дефинитивно

луѓе со фанатична визија кон проектот што е започнат. Ние веруваме дека спортската подготвеност, како и подготвеноста да се одговори на секојдневните животни предизвици е резултат на времето поминато во работа на себе.

HONEY BADGER секогаш ќе биде насочен кон активниот начин на живот, спортот и физичкото здравје.